дома Македонија (Видео) ЗАЕВ И ПИЛОТИТЕ АРАЧИНОВЦИ: СДСМ ветува дека ќе вработи 300 арачиновци...

(Видео) ЗАЕВ И ПИЛОТИТЕ АРАЧИНОВЦИ: СДСМ ветува дека ќе вработи 300 арачиновци кои ќе станат пилоти

Во синоќешното издание на дебатниот магазин “Click Plus” на ТВ21 меѓудругото жителите на Арачиново рекоа дека пред изборите во 2016 година од страна на СДСМ им било ветено дека ќе бидат вработени 300 пилоти од Арачиново.

Ж. Најголемата лага е дека ќе се вработат 300 пилото од Арачиново.

Н. Ми рековте зад камерите и да ти кажам право не разбрав убаво. Сега кој ви ветил дека ќе вработи 300 пилоти?

Ж. Овие што се на власт сега. Социјалдемократскиот сојуз, да. Значи тоа е најголемата лага што можеш да му ја кажиш на човек, ќе одиш пилот. Се лучило и тоа тука во нашето село. Празни ветувања. На младината од Арачиново и останува само да одат по амбасадите и да бараат визи и да си одат сите од тука.