дома Македонија (Видео) Заев oд Бpдo-Кpaњ: Ако дeклapaциитe нa ЕУ нe ce пpeтoчaт вo...

(Видео) Заев oд Бpдo-Кpaњ: Ако дeклapaциитe нa ЕУ нe ce пpeтoчaт вo дeлa ќe бидe нaпpaвeнa нeпoпpaвливa штeтa вpз гoлeмaта eвpoпcкa идeja

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска ги започна активностите утврдени во агендата од неговата работна посета на Словенија, по повод Самитот на ЕУ за Западен Балкан што се одржува во Брдо-Крањ.

Премиерот Заев имаше заедничка средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, со еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји, со премиерот на Република Словенија Јанез Јанша и со претседателот на Република Бугарија Румен Радев.

На средбата беше потенцирана важноста на проширувањето на ЕУ со земјите на Западен Балкан, беше поздравено тоа што за Брисел и натаму проширувањето на Унијата со земјите од регионот останува стратешки приоритет, што се очекува да биде нотирано и во денешната декларација од Самитот.

Премиерот Заев на средбата потенцираше дека народите на Западен Балкан очекуваат декларациите на ЕУ да се преточат во дела, и дека ако ЕУ не дејствува, разочарувањата кај народите од регионот ќе бидат непоправливи и на огромна штета на големата европска идеја за заедништво и соработка.