дома Македонија (Видео) ЗАПОЧНА „ЗЕЛЕНАТА PEBOЛУЦИЈА„: Нема воздух нема мир, ечи низ скопје -macoвна...

(Видео) ЗАПОЧНА „ЗЕЛЕНАТА PEBOЛУЦИЈА„: Нема воздух нема мир, ечи низ скопје -macoвна поддршка за протecтот пpoтив енормното зaгaдyвањето на воздухот

Повеќе граѓански организации организации денеска во Скопје организираа протестен марш закажан за 17 часот.

Kaко што стоеше во најавата, протестот започна во 17 часот пред зградата на Министерството за животна средина и просторно планирање и ќе заврши пред Владата.

Река на луѓе денеска се движеа низ центарот на Скопје, а протестот против загадувањето  на воздухот доби огромна поддршка од граѓаните

Во истакнатите барања на тнр. Зелена револуција, организациите бараат еколошки автобуси, максимален број на велосипедски патеки, ревисирање на старите сообраќајни планови за Скопје, ставање во погон на железничкиот сообраќај, што може да се искористи во рамките на градскиот сообраќај, како и изработка на мобилен план за секое населено место со над 10.000 жители.