дома Македонија (Видео) Започна конгресот на ВМРО-ДПМНЕ

(Видео) Започна конгресот на ВМРО-ДПМНЕ

Во спортската сала Јане Сандански, се оддржува 17от конгрес на водечката десничарска партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, каде единствен кандидат е досегашниот Претседател Христијан Мицкоски.

За претседател можеше да се кандидира партиски член кој ја има поддршката на најмалку 30 делегати, додека пак претседател се избира со мнозински изборен модел, односно, мнозинство гласови од вкупниот број делегати.

Овој конгрес е составен од 517 делегати, кои според новиот демократизиран статут, делегати се членовите на централниот и извршниот комитет, пратениците, градоначалниците, како и по 15 делегати од унијата на жени, унијата на млади сили и унијата на ветерани. Од патриотскиот институт и форумот на интелектуалци делегираат по 10.
Додека пак, од општинските комитети, се делегира по еден на секои 200 членови.

За претседавач со работното тело со конгресот е избран потпретседателот на партијата, Александар Николовски.

Овој конгрес се случува по неуспешниот обид за вонреден конгрес во Март годинава.

Воведното видео може да го погледнете тука.

Инфомакс истовремено известува и од конгресот на Социјал-демократскиот сојуз како и од протестите на синдикатите.