дома Балкан (Видео) Започна првата вoeна вежба на НАТО во Зaпаден Балкан од Втората...

(Видео) Започна првата вoeна вежба на НАТО во Зaпаден Балкан од Втората светска вojнa

Во Албанија започна воена вежба во која учествуваат повеќе илјади војници од НАТО, односно од САД и други земји во рамки на првата голема вежба на Западниот Балкан по Втората светска војна, соопшти американски воен функционер.

Операциите на заедничка логистика во рамки на вежбата Бранител на Европа 2021 ќе се одржат во пристаништето Драч. Од 26 април американските трупи се распоредени уште во пет воени бази во Албанија и ќе останат таму до 10 јуни.

„Оваа историска мисија ја демонстрира нашата способност да бидеме стратегиски безбедносен партнер на западот на Балканот и во регионот на Црното Море“, наведе Скрока.

Вежбата Бранител на Европа е годишна мултинационална вежба која ја предводат САД е од одбранбен карактер и е фокусирана на одвраќање на агресија.

Околу 28.000 војници од САД и сојузнички и партнерски сили од 26 земји ќе спроведуваат речиси истовремени операции во повеќе од десет земји, од Балтикот и Африка до Црното Море и Балканот.