дома Балкан (Видео) “Застани жено” – Балканци се тркаат за лежалка на плажа во...

(Видео) “Застани жено” – Балканци се тркаат за лежалка на плажа во Грција

Се прашувате како изгледаат романтичните утра под нежното сонце во Грција?

Замислете го звукот на брановите, нежниот утрински ветер и уживањето во кафето.

Како навистина изгледа утрото во Грција во Ханиоти? Накратко – егзистенцијална борба за живот и место за на плажа…

На Фејсбук страницата „Live From Greece“ се споделуваат искуства и совети по повод популарните летувалишта таму, а на едно летувалиште се одиграла „борба“ и тоа на плажата на Ханиоти.

Борба за место на плажа. Во таа борба еден од јунаците паднал пред лежалката.

Меѓу групата на луѓе кои трчаат кон лежалките имало и Срби, а една жена која трчала за да си обезбеди место на плажата добила прекорен поглед од друга жена која ѝ рекла: „Застани жено!“.

Во коментарите под видеото луѓето го изразуваат своето неверување и велат „Јас мислев дека бегаат од пожар“, а друг човек прашал: „Можете ли тоа да го направите побрзо?“.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.