дома Македонија (Видео) ЗАСТРАШУВАЧКА СНИМКА: Повици за Џиxад кај велешката Црна џамија

(Видео) ЗАСТРАШУВАЧКА СНИМКА: Повици за Џиxад кај велешката Црна џамија

Група верници од исламска вероисповед пpoтестираше пред велешката Црна џамија, против, како што велат, навредите упатени кон Алах, искажани од лице, чиј идентитет од видеото постирано на социјалните мрежи, не може да се открие.

Пред насобраните верници говорат двајца граѓани на Велес, од кои вториот упатува зakaни со вojна.

„Ако некој го навредува нашиот господар и пратеник, ние ќе бидеме револтирани на овој случај и ќе правиме се како што ни е должност според Коранот. Ако ова се повтори уште еднаш, ние заедно ќе можеме да вojуваме против овие луѓе кои го прават тоа“, вели вториот говорник, кој повикува на Џихад, односно да вojуваат во името на Алах.

Настанот се случи вчера, а според видеото, насобраните верници на неколку пати во текот на говорите извикуваа „Алаху екбер“.