дома Балкан (Видео) Затворен Босворскиот премин: Силни ветришта во Истанбул одземаа 4 животи, има...

(Видео) Затворен Босворскиот премин: Силни ветришта во Истанбул одземаа 4 животи, има и повредени

Најмалку 4 луѓе загинаа поради силните ветришта кои ја зафатија 15 милионската турска метропола, 38 други повредени, пренесуваат турските медиуми.

Во Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби на Република Турција, до 08:30 часот утринава, примиле повеќе од 1500 повици за помош. Една од жртвите е и жена врз која паднал откорнат кров, соопштуваат од државната агенција Анадолу.

Временската непогода со силни ветрови од 129 километери на час, корнела дрва и кровови, а соборила и саат кула.

Како превентивни мерки, наставата е прекината во повеќе турски градови, а привремено е затворен и Босворскиот теснец.