Портпарол на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека повремено оди на стрелиштето и учествува на спортски настани на Министерството.
За време на емисијата на „Меч ТВ“, во која гостуваше Захарова, беа прикажани снимки во кои портпаролката пукаше во глинени гулаби.
„Тоа е таканаречено пукање на глинени гулаби. Не беше толку одамна, ова лето, и беше прекрасно, бидејќи порано не успевав да погодам цели што се движат. Од време на време, одам на стрелиштето, дури учествувам и на некои спортски настани на Министерството за надворешни работи“, објасни Захарова.
Според неа, таа вежбала пукање додека одела на училиште. Захарова истакна дека таа активност и се допаѓа, додека ловот и пејтбол не ја привлекуваат.
Видеото можета да го погледнете ТУКА