дома Свет (Видео) За малку авионска несреќа на авион поради огномет

(Видео) За малку авионска несреќа на авион поради огномет

Авионот на колумбиската компанија „Авијанса“ на летот од Орландо, Флорида, за малку ќе се срушел над Богота поради судир со „пиротехнички балон“.

Засега не е познато дали балонот, кој служи за подигнување огномет во воздухот, бил „вооружен“ со експлозивни направи, но за време на судирот, авионот „се заплеткал“ во долги пластични ленти кои се дел од огнометот.

Ремените се завиткаа околу опашката на авионот и влегоа во моторите, па Ербас А320 на колумбиската компанија мораше присилно да слета. Екипажот успешно го приземјил авионот, за кој не е наведено дали е оштетен.

https://twitter.com/i/status/1344861401106546692