April 19, 2024, 10:23 pm

(Видео) За прв пат од почетокот на пандемијата: 11 000 луѓе се собраа на дводневниот фестивалот во Вухан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Илјадници луѓе вчера присуствуваа на музички фестивал во Вухан, кинескиот град за кој се верува дека е регистриран првиот случај на коронавирусот.

На висока температура на првиот ден од мај, Меѓународниот ден на трудот, кој во Кина масовно се слави, луѓето танцуваа, скокаа и викаа додека некои од нивните омилени музичари излегуваа на сцената, јавија локалните медиуми.
Дводневниот фестивалот се врати во Вухан по едногодишна пауза поради пандемијата на Ковид-19, а организаторите изјавија дека публиката е ограничена, додавајќи дека присуствувале 11.000 луѓе. Некои од гледачите носеа маски, но многумина не, јавија медиумите.

На дводневниот настан настапуваат познати и помалку познати локални пејачи и бендови на три сцени во Вухан Гарден Експо паркот. „Строубери Мјузик фестивал“се одржува и во други кинески градови, вклучително и во Пекинг, за време на националниот празник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This