(Видео) За срeќa бaгeрoт се рaсипaл: На грaдeжeн рaбoтник нe му билe исплaтeни плaти па се рeшил да дeмoлиpa згpaдa – штeтaтa е oкoлу 500.000 eвpa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Незадоволен градежен работник, поради наводна караница околу плата, влегол во багер и урнал поголем дек од фасада на штотуку изградена зграда. Штетата е околу 500.000 евра.

Полицијата соопшти дека работникот бил бесен поради неисплатени плати. Тој не бил пијан, ниту под влијание на дрога.

Идните станари на станбениот урнат комплекс кои планирале наскоро да се вселат сега ќе мора да почекаат неколку месеци, додека штетата не биде санирана. Работникот освен дел од фасадата на зградата бесот го истурил и на гаражите во близина. Во некои од нив биле складирани плински боци кои за среќа не експлодирале инаку целата приказна ќе имаше трагичен крај.

Германските медиуми пренесуваат дека работникот престанал со оштетувањето затоа што багерот се расипал. Потоа влегол во својот автомобил, а подоцна самиот се пријавил во полиција.

Оштетени се најмалку 30 апартмани во инцидентот, а вкупната штета е околу 500.000 евра. Од градежната филма Ingo Fangerow велат дека на работникот сè му е исплатено, според договореното.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This