дома Европа (ВИДЕО) Здрав дуx во време на kopoнавиpус: Видеото на Шпанците кои вежбаат...

(ВИДЕО) Здрав дуx во време на kopoнавиpус: Видеото на Шпанците кои вежбаат во kapaнтин станало виpaлно

Иако алаpмантната ситуација во која се најде цел свет многумина нашла неподготвени, луѓето не престануваат да докажуваат дека духот сеуште не им е ckpшен.

Пандемијата на коронавирус го променила секојдневието, а бројот на заразени во повеќето земји и понатаму расте.

Една од најпогодените европски земји е и Шпанија, поради што тамошното население е ставено во карантин.

Омилена забава им се социјалните мрежи, а една од нив станала вирална. Имено, Шпанија се труди да го одржи здравиот дух, но и телото здраво па спонтано организирале заедничко вежбање.

„Не се прескокнува вежбањето во Севиља која е во карантин. Тоа што сме раздвоени, не значи дека не можеме заедно да ги совладаме предизвиците. Ентузијастичен тренер од кровот го предводи групниот тренинг, а луѓето се придружуваат од балконите.

Призорите како овој не потсетуваат да бидеме благодарни на се што имаме, да останеме позитивни, да се држиме заедно и меѓусебно да си бидеме поддршка во овие тешки времиња“, пишува во описот на видеото кое го прегледале повеќе од 500.илјади луѓе.