(Видео) Змиjа кaснa девојче во зоолошка во Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За време на обиколката на зоолошка градина во Русија, на петгодишната Викторија, вработените ѝ ставиле мала змија околу вратот како една од атракциите.

Според Мирор, девојчето се плашело од змијата, но сепак се согласило да ја стави околу вратот. Се било во ред, кога наеднаш змијата се приближила до вратот на девојчето и ја каснала за вилицата.

Змијата потекнува од Источна Африка и не е отровна.

Една теорија е дека змијата го гризнала девојчето затоа што мирисала на кокошките со кои Викторија претходно си играла.

– Змиите се многу чувствителни на мирис. Ако била гладна, а девојчето имало мирис на кокошки на себе, можеби тоа ја предизвикало реакцијата на змијата, изјави експертот Екатерина Уварова.

Вработените во зоолошката градина, пак, тврдат дека змијата никогаш досега не каснала никого.

Видеото можете да го погледнете тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This