дома Свет (Видео) ЗОШТО КАШЛАШ, ОД КАДЕ СИ?: Таксист избрка момче од возилото од...

(Видео) ЗОШТО КАШЛАШ, ОД КАДЕ СИ?: Таксист избрка момче од возилото од страв од коронавирусот

Поради паниката која владее поради ширењето на Корона вирусот во Кина, граѓаните се плашат од зараза до тој степен што еден таксист од провинцијата Хенан го исфрлил момчето што го возел кога слушнал дека кашла.

Патникот влегол во таксито и седнал на сувозачкото седиште, а позади имало уште едно момче. Сите носеле заштитни маски за лице, но кога патникот почнал да кашла и да кива, возачот се изнервирал.

За работата да биде полоша, таксистот требало да ги однесе до најблиската болница.

„Зошто кашлаш, од каде си?“, го прашал таксистот момчето. „Од Баодинг сум“, одговорило тоа.

„Дете, не звучиш како да си оттаму, со тој акцент. Дали беше во Вухан? Беше ли?“, прашал таксистот.

Момчето не можело веднаш да одговори бидејќи се закашлало. „Сега дојдов оттаму, одам во болница“, рекло тоа.

После тоа, таксистот го запрел возилото и го исфрлил момчето надвор. Откако се консултирал со другото момче кое седело на задното седиште, одлучил да повика полиција.