дома Македонија (Видео) Зурли и тапани во Тетово, Беса слави победа

(Видео) Зурли и тапани во Тетово, Беса слави победа

Партијата БЕСА, чиј лидер Билал Касами е кандидат за градоначалник на Општина Тетово, вечерва почна да слави во градот. Собрани се голем број поддржувачи на партијата, а атмосферата се „загрева” со огномет, зурли и тапани. „Многу е тесно водството, но водиме”, изјави Билал Касами во Тетово.

На прес-конференцијата, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, објави дека тие имаат „значително водство” во општината. Нивен кандидат е актуелната градоначалничка Теута Арифи.