дома Хроника (Видео) Зajaкнaтa пoлициcкa кoнтpoлa нa тepитopиja нa цeлa дpжaвa – caнкциoниpaни 214...

(Видео) Зajaкнaтa пoлициcкa кoнтpoлa нa тepитopиja нa цeлa дpжaвa – caнкциoниpaни 214 вoзaчи вo тeкoт нa вчepaшниoт дeн

Во текот на вчерашниот ден (01.07.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 214 возачи.

Од нив, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Штип – 58, а потоа на територија на СВР Скопје – 39, на територија на СВР Струмица – 36…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.