(Видео) 3axapиева го изpeзили Бучкoвcки: „Caжељавам сac вac“ ама нe можe да имате идентитет базиpaн на одpeкнување од бугapcките кopени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Специјалниот преговарач на Владата на Заев, Владо Бучковски денес е во Софија каде оствари средба со бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева. Бучковски со пријателски тон се обиде да ја „омекне“ Захариева, но за возврат доби дрско однесување на „фригидна кучка“ која го посрамоти пред целата јавност.

Захариева ги повтори своите тврди позиции искажани во претходно интервју за бугарска телевизија и потенцираше оти веќе било кажано што се бара од Македонија. Захариева посочи дека државите не можат да признаваат или негираат туѓ идентитет и нација, но притоа нелогично истакна дека македонскиот идентитет не може да се базира на одрекнување на бугарските корени.

-Тие ја градат нацијата и идентитетот на антибугарска основа за жал. Јас денеска не сакав да ја објаснувам нашата позиција мислејќи дека добро сум ја објаснила во едно свое излагање. За жал таму продолжуваат да добиваат избори само на антибугарска реторика. Тоа не може да продолжи. Не може да продолжат да се воспитуваат поколенија кои го градат својот идентитет на база на одрекнување и омраза кон соседна држава, вели Захариева.

Да потенцираме уште еднаш дека според Захариева македонски идентитет е креиран на база на одрекнување од Бугарија

Еве на која изјава се повика министерката Захариева.

„Не спориме со нивното право на самоопределување, ниту со правото да си го нарекуваат јазикот како сакаат. Подготвени сме уште еднаш да ги потврдиме актуелните реалности, но тие мора да ја прифатат историската вистина“, вели бугарската министерка.

Нашите грижи потекнуваат од бескрајните тврдења за македонско малцинство во Бугарија. Признавањето на бугарските корени ќе му стави крај на тоа“, вели Захариева, изјави претходно Захариева.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This