дома Актуелно (видео) ИВАН ПЕРНАР ПОВИКА НА БОЈКОТ: Името ви е поважно од НАТО...

(видео) ИВАН ПЕРНАР ПОВИКА НА БОЈКОТ: Името ви е поважно од НАТО и ЕУ

Хрватскиот пратеник од партијата Жив Ѕид повика на бојкот на престојниот референдум за промена на името. Тој истакна дека апсолутно е против промена на името и престојниот референдум. Според Пернар, полесно е да се сруши референдумот доколку се бојкотира отколку да се излезе и да се гласа против. Хрватскиот пратеник констатираше дека власта во Македонија посакува граѓаните да имаат било каков став освен ставот за бојкот, поради тоа што бојкотот го саботира самиот референдум и промената на името на државата кое е нивната крајна цел.