April 25, 2024, 11:44 am

(Видео) Извештај од Охрид, локални избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Инфомакс продолжува со следењето на изборниот процес во општините во кои ќе се одржи втор круг од локалните избори.

За состојбата во Охрид известува Александар Митовски, кој ќе остане во градот до недела, до завршувањето на гласањето.

Според првичните информации, во Охрид, слично како и во Битола претходно, се наоѓаат повеќебројни полициски екипи, односно, екипи на специјалната единица Тигар, коишто во последниве два или три дена се обидуваат да го тероризираат локалното население и да ги тероризираат активистите на опозицијата, да ги спречуваат во нивните предизборни активности.

„Пред малку снимив и едно сведоштво на административец, вработен во општина Охрид кјшто ил предмет на таква тортура и притисок, му барале десетина потписи, имиња и презимиња, коишто ќе ги обезбеди како гласови. Ако не ги обезбеди, бил под закана дека ќе го загуби работното место. Кога ги одбил бил предмет на тортура на овие полициски сили“, известува Митовски.
Тој откри дека во Охрид бил забележан лично министерот Венко Филипче, кој од врата на врата агитирал заедно со Нефи Усеини

„Од она што го знам, е дека тука беше присутен министерот за здравство Филипче, којшто заедно со Неффи Усеини, познатиот охридски мангуп, поради кого Охрид за млку ќе го загубеше статусот заштитен град на Унеско. Човек кој што има дебело полициско досие. Филипче, заедно со Нефи Усеини денеска имале кампања од врата на врата, тука во Охрид, каде што агитирале за гласови за нивниот кандидат“, информира Митовски.

Иако ова е прифатлива, нормална кампања, тоа што не е нормално е што министерот за здравство агитира гласови со познат криминалец, со човек кј се однесува како државата да е на татко му, а не како да е држава во која што има закони.

Останувам во Охрид, две екипи остануваат во Битола. Имаме екипи во Радовиш, Гевгелија, Демир Капија, Кочани и секаде онаму каде што ќе има потреба од наше известување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This