дома Европа (ВИДЕО) Излетувањето на авионот од пистата во Истанбул во кое загинаа три...

(ВИДЕО) Излетувањето на авионот од пистата во Истанбул во кое загинаа три лица, а 179 се повредени

Излетувањето на патничкиот авион за време на слетувањето на меѓународниот аеродром „Сабиха Ѓокчен” во Истанбул, во кое загинаа три лица, а 179 се повредени, е снимено со камера и снимките веќе се појавија на светските интернет портали.

Како што соопштија турските власти, авионот на „Пегасус Ерлајнс“ летал од областа Измир на аеродромот во Истанбул, кога се урна во текот на слетувањето.

Набругу по излетувањето на авионот од писта, на местото на настанот пристигнале противпожарни и медицински тимови.

Министерот Турхан рече дека некои од патниците успеале самостојно да го напуштат леталото, додека на останатите им помогнале спасувачки тимови.

Истакна дека и поради несреќата сите авиони кои требаа да слетаат на аеродромот „Сабиха Ѓокчен” се пренасочени на новоизградениот аеродром Истанбул.

Обвиинителството во главниот град Анкара отвори истрага за инцидентот, а аеродромот Сабина Ѓокчен привремено е затворен за воздушен сообраќај.