(Видео) Изpeшeтaн cpeд бeл дeн вo pecтopaн: Пopaнeшeн ММА бopeц бpyтaлнo ликвидиpaн во Дагестан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Животот на поранешниот ММА борец Шамил Абдулмуслимов згасна на само 35 години, откако бил брутално убиен во родниот Дагестан додека се релаксирал со пријатели во ресторан.

Руските медиуми со огромна неверица ја пренесоа веста од Дагестан, а во меѓувреме се појави и видео од свирепото и мафијашко убиство кое го изрежирало семејството Мурагисов.

Таткото и синот Мурагисов со огнени оружја влегле во ресторанот во кој бил Шамил, по што му нанеле смртни последици откако го изрешетале на најсуров можен начин.

Двајцата напаѓачи се приведени и покрената е истрага против нив, но првичните информации на руските медиуми се дека убиството е последица на жестоки расправи поради земјен посед.

Абдулмуслимов својата последна ММА борба ја имаше во 2013-та година, а кариерата во октагонот ја заврши со 11 победи и 4 порази.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This