дома Актуелно (Видео) Илјада причини за кpaj: 30 години независнocт, но ниту една причина...

(Видео) Илјада причини за кpaj: 30 години независнocт, но ниту една причина за cлaвeње – ја плaќaме цeнaта зa импoтeнтнoто општecтво во кое живееме

30 години независност, но немаме ниту една причина за славење.

Од 8-ми септември 1991 година во ниту еден поглед Македонија нема напредок.

Да почнеме од образованието кое е столб на секое општество, низ годините се менуваа наставните програми, но се полоши се резултатите на учениците.

Образованието во Македонија не го исполнува основниот критериум на акумулирано знаење, односно секоја нова генерација да има поголемо знаење од претходната.

3амислете колку животи зема Плетвар во изминатите 30 години, на автопатот повеќе од 3 години не се извршуваат градежни активности, тука е и автопатот Кичево-Охрид. Но доколку сте патувале низ Македонија сигурно сте забележале дека експресно се градат патарините на завршениот автопат Миладиновци-Штип.

Ниту вработеноста, ниту бројот на население не може да се мери со бројките пред независноста на Македонија.

Вчера Македонија ја потресе голема трагедија, каде во Тетово 14 пациенти болни од Ковид изгореа во бараки наречени Ковид болница. Толку треба да знаеме за македонското здравство.

За трагедијата да биде уште поголема како и одговорноста на здравствените власт минатата година поради неисправност на електричната инсталација, модуларната болница била одбиена да добие употребната дозвола.

Но и покрај тоа, како што гледаме, за жал, од оваа несреќа, се користела активно.

Во Македонија постојат два паралелни света, еден во кој живее обичниот народ кој работи од 8 часот наутро до кога и да е потребно за да го прехрани сопственото семејство и оној на политичарите кои живеат во раскош полн со тендери, службени автомобили, трошејќи ги парите кои со грдни маки ги заработил овој напатен народ.

Ги читам бараат оставки и оставки се потребни, но оставки што би рекол некој некогаш се потребни „од чистачка до директор“.

Kaко бе тоа на никој ли не му текнало дека високо запалива материја како кислород се чува во контејнери обложени со пластика?

Ниту еден доктор кој поголемиот дел од својот живот го поминува учејќи, ниту директор, ниту градоначалник, ниту министер, ниту пак премиер не помислил за опасностите од оваа темпирана бомба.

Не гледам денес докторите од другите градови да излезат пред болниците во знак на протест, се разбира овозможувајќи ја основната грижа за најкритичните пациенти, протест за солидарност бидејќи нивните колеги без малку изгореа живи и ќе сносат психички последици до крајот на својот живот.

Ниту еден лекар 30 години не се побунил за условите во кои работи, имаше неколку протести за дефакто ниските плати, но никогаш за условите за работа.

Доаѓаме до крајот…

А тој е секогаш тажен…

Живееме во импотентно општество, општество кое не може да се избори за тоа што го заслужува, затоа што секој човек кој работи од 8 до 4 заслужува здравствена заштита, не затоа што тоа му е од бога дадено право туку затоа што за тоа плаќа со години во согласност со неговиот стаж.

10 илјади евра можеби е лекување од Ковид во приватна болница, но направете математика колку пари од вашата бруто плата со години сте уплаќале за здравствена заштита. Сигурно голем дел од вас и искеширале на државата 10 илјади евра ако не и повеќе, а  за возврат ќе изгорите живи во „болници“ какви градат „Доктори без граници“ во Афтика.

Да вистината е трагична, народот кој живее во оваа напатена земја не е апатичен туку импотентен да се спротивстави на неправдите, да го крене својот глас и нешто конечно да се промени.

Дозволивме 30 години да не лажат со „ветената земја“ со ЕУ и НАТО за денес да дојдеме до ова дереџе.

Промените започнуваат од секој од нас, а ние 30 години сме со наведанта глава за сабјата да не ја исече. Така промени НЕМА.

Живееме во едно примитивно општество во кое се уште функционира жртвување на девици, и секој од нас наместо да го промени системот гледа што побрзо да ја загуби невиноста.

Да државата, системот ве жртвува вас, дали преку неквалитетен здравствен систем, преку патишта кои се во распаѓање, преку систем за управување со кризи кој не функционира како што видовме со пожарите, додека тие свештениците го „товарат бродот“ ние се молиме дека со фатени врски ќе го преживееме данокот во крв, но тој не препознава ниту пол, ниту вера, ниту националност, ниту кеш на банкарската сметка.

Иронијата е можеби најмоќното оружје на универзумот кое може да удри во глава како кровот од кантината во касарната кој се урна пред неколку дена каде за среќа немаше жртви.

Па така и вчера победи иронијата кога на прославата за 30 години независност познатата македонска група Нокаут ја изведе „Илјада причини за крај“ од Брејк, а истиот ден ја плативме во човечки животи и цената за нашето молчење изминативе 30 години.

Не мислам дека Македонија не треба да постои, но тврдам дека Македонија мора да почне од почеток, односно дефинитивно имаме илјада причини за крај на ова оштество во какво што живееме сега.

Немојте да мислите дека ако не можете да направите лошо, да се спротивставите, да кренете глас сте добар човек, добар човек е оној кој е способен да нанесе зло само избира да не го прави тоа се до моментот кога истото е нужно.

Време е народот да свири крај, доста чекавме на судијата.

Пишува: Милош Милошевски