дома Балкан (Видео) Илјадници верници се збогуваа со црногорскиот и приморски митрополит Амфилохије

(Видео) Илјадници верници се збогуваа со црногорскиот и приморски митрополит Амфилохије

Илјадници верници се собраа пред црквата Христово воскресение во Подгорица за да ги пречекаат пocмртните останки на црногорскиот и приморски митрополит Амфилохије.

– Ја воскресна Црна Гора и повторно ја направи Христова. Ќе дојде часот кога ќе станеш, а ние со тебе. Поздрави ги Свети Сава, Петар Цетињски, Василиј Острошки и другите светци. Ние ви завидуваме на тоа. Се надеваме дека Господ ќе не погледне и ќе се сретнеме со нив, рече владиката Методиј, кој стоеше покрај ковчегот.

После богослужбата во Соборниот храм, граѓаните се збогуваа од Амфилохије, а предвидено е дефилето да трае цела ноќ.

Неговото тело пристигна во Подгорица околу 14:30 часот, беше положено во храмот, а неколку минути подоцна започна службата. Река народ се излеа вчера и утрово да му оддадат последна почит на митрополитот Амфилохије.