(Видео) Инфектологот Шопова: Сега Филипче ќе ги дели граѓаните, ќе им го олecнува џебот во период на се повеќе пocкапувања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Венко Филипче и по скоро две години корона во Македонија не успеа да направи ама баш ништо, ова денеска преку прес-конференција го истакна Жаклина Шопова од ВМРО-ДПМНЕ.

-На негово конто одат речиси 7.500 починати лица кои се нечии сестри, браќа, мајки, татковци, роднини, пријатели. Сега Филипче воведува крајно контрадикторни, несоодветни, или едноставно дискутабилни мерки. Сега Филипче ќе ги дели граѓаните, ќе им го олеснува џебот во период на се повеќе поскапувања. Или да почнеме со ред. Што прави Филипче со неговите наводно нови превентивни мерки? Прво, ги дели вработените во јавниот и приватниот сектор. Второ, да се приложи потврда за прележан КОВИД не постара од 45 дена е нешто што се коси со сите досегашни научни сознанија. Или едноставно кажано прележан КОВИД штити повеќе од 6 до 12 месеци. Трето, ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок е големо финансиско оптеретување на секој еден граѓанин во овој период кога сите цени драстично се зголемуваат. И сето тоа е поради лошото менаџирање на економијата од оваа власт. Еден тест со речиси најниска цена чини околу 1.500 денари. Или секој граѓанин ќе мора месечно да дава повеќе од 100 евра за тестови, вели Шопова.

Таа додава дека четврто, рокот од 10 дена за приложените мерки да стапат на сила откако ќе ги усвои Владата, не се доволни за да можат сите граѓани кои не се вакцинирани да се вакцинираат. Бројот на невакцинираните е голем заради лошо спроведена вакцинална кампања, а притоа потрошени се огромни средства.

-На европската листа на починати на милион жители Македонија е на високото трето место. Во меѓувреме, министерот за смрт, стручната фела ја множи со нула, како да не постои, а не пак да се заинтересира да ги праша, слушне и преземе соодветни мерки. Наместо стимулативни мерки, Филипче продолжува со закани, уцени кон граѓаните. Филипче покажа дека е вешт само да ги спроведе личните и интересите на Заев. Затоа крајот брзо ќе му дојде, вели Шопова.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This