дома Балкан (Видео) Инцидент на српскo-унгарската граница, стотина мигранти ја нападнале полицијата во обид...

(Видео) Инцидент на српскo-унгарската граница, стотина мигранти ја нападнале полицијата во обид нacилно да влезат во Унгарија

Група од околу 100 мигранти се обиделе илегално да преминат во Унгарија недалеку од граничниот премин Решка (Хоргош) на српската страна на границата, соопшти унгарската полиција.

Тоа се случило околу полноќ, а мигрантите фрлале камења кон полицијата, додека 30 од нив се искачиле на жичаната ограда на границата, јави Танјуг, повикувајќи се на унгарската агенција МТИ.

Како што се наведува, полицијата успеала да го спрeчи нивниот влез во земјата.