дома Македонија ВИДЕО: Иџе возеше победнички круг во чест на здравствените работници и полицајците

ВИДЕО: Иџе возеше победнички круг во чест на здравствените работници и полицајците

Македонскиот возач Игор Стефановски- Иџе, денеска возеше низ скопските празни улици во знак на поддршка кон здравствените работници, полицајците и сите останати кои се дел од протоколот за справување во борбата против Ковид-19 во Македонија.

Тој возел низ Скопје со рута од населба Лисиче до Влае.

„Ова се мигови кои би сакал никогаш да не се повторат. Улиците низ градовите на нашата држава, никогаш повторно да не бидат празни. Токму затоа, мудро да се вратиме во секојдневието. Нашите медицински лица, полицијата, армијата и сите наши сограѓани кои се НАШИТЕ ХЕРОИ ВО ОВОЈ ПЕРИОД, со свој придонес направија полека, но сигурно, да излеземе победници од оваа битка. Затоа во нивна чест, јас и мојот тим ќе им дадеме поддршка, но и почит како големо признание за нивната пожртвуваност“, порача Иџе.