дома Македонија (Видео) И Германија ни подзавиде на „технологијата“ за фрлање снег, рачното фрлање...

(Видео) И Германија ни подзавиде на „технологијата“ за фрлање снег, рачното фрлање сол хит во германските медиуми

Чистењето на улиците во Тетово стигна и до угледниот швајцарски „Блиц“.

На видеото се гледа како вработен во ЈП за патишта како стои во задниот дел на камионот и со рачно фрла сол низ улиците на градот.

Веста за швајцарски „Блиц“ е интерсна, не затоа што успешно и со совремана технологија се справуваме со снегот, тука ја пренесува тетовската мизерија на чистење на улиците.

Инаку, иако надлежните за чистење на улиците и патиштата најавуваа дека се подготвени за првиот снег, сепак истиот вчера успеа да ги изненади и речиси да ја паралеризира целата држава.

Видеото од чистењето на снегот во Тетово кое што го пренесе и швајцарски „Блиц“ можете да го погледнете ТУКА