дома Македонија (Видео) И ЗА ОВА ЛAЖEШE ЗАЕВ: Макрон никогаш не вети членство во...

(Видео) И ЗА ОВА ЛAЖEШE ЗАЕВ: Макрон никогаш не вети членство во ЕУ доколку го смениме името

Францускиот претседател Емануел Макрон преку видео порака им се обрати на македонските граѓани во пресрет на референдумот за промена на името. Претседателот Макрон во видео пораката вели дека верува во иднината на земјата и во мудроста на граѓаните, но никаде во видеото не споменува дека од името зависи европската иднина на Македонија како што Заев се обидува да прикаже.

Пред само неколку дена во емисијата 360 на телевизија Алсат, пред очите на целата јавност Зоран Заев го обвини францускиот претседател Емануел Макрон дека лаже, истакнувајќи дека повеќе го сфаќа сериозно. Тој го спомена видео обраќањето пред референдумот за промена на името на Макрон кое што Заев го протолкувал како ветување за добивање датум за преговори со Европската Унија иако никаде поконкретно францускиот претседател поконкретно тоа не го говори. Со други зборови тој го обвини Макрон дека лаже.

-Макрон давајќи ја онаа видео изјава да не поддржи, фала многу благодарен сум за тоа, верувам и нашиот народ да го охрабри за референдумот, зборејќи за европските вредности, за европските перспективи и тоа е ветување. Затоа што и тоа го направивме за да имаме нов пријател Грција да го решиме тој деценски проблем, но го направивме и за нашата Европска иднина, вели Заев.

 

Милошоски откако беше објавен видео записот од обраќањето на претседателот на Франција, Емануел Макрон кон граѓаните на Македонија, имаше само едно благодарам што стави крај на шарените лаги на Зоран Заев и Никола Димитров за што е референдумот на 30 септември.

Имено претседателот на Франција, во својот повик до граѓаните на Македонија, во видео порака за прв пат од низата државници кои немаа храброст да бидат искрени на што точно се однесува претстојниот референдум, даде одговор на многу прашања кои беа цел на шпекулации.

Милошоски во својот ФБ пост јасно акцентира каде Макрон поентира со искреноста:

-Му благодарам на искрениот француски Претседател Макрон, што во видео порака се обрати за референдумот.

Тој имаше доблест да го каже она што го лажат Заев и Димитров.

Макрон: референдумот е за преименување во Северна Македонија (значи не е за Европска како што лаже Зоран Заев)!

Макрон: референдумот е за спогодбата со Грција да стапи на сила (не е за членство во ЕУ како што лаже Димитров, и во договорот нема никаква гаранција дека “Република Северна Македонија” во догледно време би станала членка на ЕУ; џабе би се менувало името, Уставот и џабе би се понижувања цела една нација и држава)!

Макрон: референдумот е за да смени Уставот на Република Македонија и сите документи и државни институции (не е за бесплатно здравство во ЕУ, ниту за лажните 25.000€ по земјоделец годишно, ниту за бесплатни студии, како што лаже Заев)!

Макрон: Вие и Грција, вашата земја (може да замериме на ословувањето, но, барем е искрен дека во договорот нема ниту “М” од Македонци, македонски народ или македонска Влада и ниту Грција ниту ЕУ нема обврска да дава никаква гаранција за националниот и културниот идентитет на македонскиот народ, кој ниту еднаш не е спомнат во договорот)!

Затоа, благодарам Претседателе Макрон.

Вашето обраќање ќе му помогне на нашиот БОЈКОТ како демократска одбрана на нашиот Устав, име и достоинство, напиша тогаш Милошоски на Фејсбук.