дома Актуелно (Видео) И Ники пролупа, не е лесно кога треба да одговараш за...

(Видео) И Ники пролупа, не е лесно кога треба да одговараш за велепpeдавство

Досега невидено издание во јавноста на министерот за надворешни работи Никола Димитров кој на вчерашниот предизборен митинг на СДСМ покажа многу емоции кои досега не ги прикажал во јавноста.

Како никогаш предходно Димитров со висок тон далеку погласен од неговите вообичаени настапи, видно нервозен и вознемирен зборуваше дека ВМРО-ДПМНЕ не смее да зборува за правда.

Пред и по неговиот настап партискиот шеф на Димитров Зоран Заев е фатен како во повеќе наврати на различни нивоа договара интервенции во правосудниот систем кои се од интерес за СДСМ и директно го урива принципот на правда и правна држава. Но тоа не е доволно Димитров да зборува за Заев.