дома Македонија (Видео) И ПОСАКА ДОБРЕДОЈДЕ: Мицкоски се сретна со новата американска амбасадорка Брнс

(Видео) И ПОСАКА ДОБРЕДОЈДЕ: Мицкоски се сретна со новата американска амбасадорка Брнс

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се сретна со новата американската амбасадорка Кејт Мери Брнс.

Како што пишува во соопштението од партијата, ѝ посакал добредојде и изразил надеж дека соработката во текот на нејзиниот мандат ќе биде во насока на подобрување ба стратешките односи помеѓу Република Македонија и САД.

Мицкоски нагласил дека за ВМРО-ДПМНЕ пријателството помеѓу Република Македонија и САД е од особено значење и посочил дека за партијата клучен стратешки интерес е членство на Република Македонија во НАТО и ЕУ.