(Видео) Камера од автомобил посведочи за авионската нeсрeќа во која зaгинa познaтиот милијардер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Камера во автомобил го забележала моментот на падот на авионот во Милано, во кој загинале осум патници, меѓу кои и познатиот романски милијардер.

На снимката, која ја објавил “Corriere della Serra”, а ја пренесува “Daily Mail”, се гледа како црна дамка со голема брзина удира во зграда во Милано.

Во моментот кога авионот исчезнува од видикот, се гледа густ чад кој почнал да се надвива над небото. Авионската несреќа се случила во неделата попладне, кога малиот авион со осум патници се урнал и удрил во зграда.

Италијански “Rai News” пренесува дека една од жртвите е Дан Петреску, голем инвеститор, кој се смета за еден од најбогатите луѓе во Романија. Петреску имал романско и германско државјанство и наводно го пилотирал авионот во моментот на несреќата, додаваат медиумите.

Меѓу жртвите се и неговата сопруга и синот Дан Стефан Петреску, кој исто така имал двојно државјанство.

Весникот “Corriere della Serra” пишува дека семејството со пријателите било на пат кон својата вила во градот Олбија на Сардинија, каде ги чекала 98-годишната мајка на Петрески. Неговиот син работел како истражувач во Канада и дошол во Италија за да присуствува на крстењето на синот на својот пријател.

Инспекторите отвориле истрага за да откријат што довело до тоа авионот да удри во зградата само 11 минути по полетувањето од аеродромот во Милано.

Зградата во која удриле се реновирала, но за среќа, во моментот на ударот немало работници во неа.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This