(Видео) Клacтер Борис Трајковски: Heвакцинираните не можат да одат во трговски, кафеана и на стадион ама затоа партиските активисти можат да полнат сали

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако СДСМ не успеа да ја наполни салата Борис Трајковски, партијата го стави во ризик здравјето на сите свои активисти и членови кои присуствуваа на вчерашниот собир како дел од кампањата за локалните избори.

Владејачката СДСМ вчера одржа митинг во Карпош, во А1 Арената Борис Трајковски. На митингот говореа кандидатот за градоначалник на Карпош Душко Весковски, кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов и претседателот на партијата, Зоран Заев.

Во време на пандемија кога и свадбите се ограничени поради опасност од ширење на коронавирусот очигледно за партиите на власта не важат законите и свесно се става во ризик здравјето на граѓаните.

Она што дополнително ги револтира граѓаните се драконските мерки и дискриминацијата кон невакцинираното население кое не може да посетува трговски центри, кафеани и стадиони ама затоа партиските активисти можат да полнат сали без никој да им побара вакцинален сертификат.

Пред една недела Филипче посочи дека Филипче е пожелно партиите на митинзите да бараат сертификати за вакцина, но тоа никогаш не се случи.

– Секаде каде што има влез и излез тоа би требало да се прави. Тешко е да се организира каде што се собираат граѓаните, но се согласувам дека забелешката ви е на место. Уште денеска ќе најдам начин да препорачам до сите политички партии, да најдат начин сето тоа да биде искоординирано со влез-излез доколку е можно, за да се побара сертификат. Доколку може сметам дека ова треба да се организра во таа насока, вели Филипче на новинартско прашање на денешната прес-конференција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This