дома Колумни ВИДЕО КОЛУМНА НА ПРОФЕСОРКАТА КАРАКАМИШЕВА: Новата година да биде година во која...

ВИДЕО КОЛУМНА НА ПРОФЕСОРКАТА КАРАКАМИШЕВА: Новата година да биде година во која народот ќе си ја земе својата власт од рацете на натрапниците!

Професорката Тања Каракмишева на социјалните мрежи објави видео колумна, во која на граѓаните им ја честиташе Новата година и им посака повеќе надеж


„Нашето бреме е да ја спасиме Македонија од овие натрапници и велепредавници што е можно побрзо, да ги исправиме главите на сите Македонци и да им покажеме дека може да се постигнат многу национални успеси со гордо кренати глави, но пред се со достоинствен труд.“ – вели професорката Каракамишева

Таа ги повика граѓаните, новата 2019. година да биде година во која „ние народот“, ќе си ја вратиме нашата, народната власт од рацете на натрапниците.

„Да ја дочекаме новата 2019 година со оптимизам дека не е се готово, дека националната катарза допрва мора да дојде и дека ние и сите идни генерации ЗАСЛУЖУВАМЕ ПОДОБАР ЖИВОТ, ЗАСЛУЖУВАМЕ ПОКВАЛИТЕТНА ДРЖАВА, ЗАСЛУЖУВАМЕ ПОХУМАН ТРЕТМАН И ПОВЕЌЕ ПРАВДИНИ!“ – заклучува професорката.