дома Македонија (Видео) „Комуњарска историја“: За Шилегов историскотo ВМРО е најголема пpoпacт на Македонија,...

(Видео) „Комуњарска историја“: За Шилегов историскотo ВМРО е најголема пpoпacт на Македонија, а Сарафов го yбил Петров

Организацијата која можеби придонесе најмногу за денешна независна Република Македонија за градоначалникот на Град Скопје е најголемата пропаст за Македонија. Оваа скандалозна изјава за историското ВМРО денеска ја имаше Петре Шилегов во гостувањето во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 каде со него дебатираше екс градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

-Ќосето беше егзекутор на организацијата ваша на која вие сте горди за која јас мислам дека е најголемата пропаст на Македонија, вели Шилегов.

На ваквото елементарно непознавање на Шилегов на историските факти, Трајановски жестоко му одговори па му посочи дека Ќосето кој то го спомена му бил сопатник на Гоце Делчев, а самиот Делчев бил дел од оваа организација и денес е еден од најсветлите македонски историски фигури.

Своето непознавање од македонската историја Шилегов го потврди со шокантното тврдење дека Сарафов го убил Ѓорче Петров, споменувајќи го неговото име во контекст дека по него била именувана улица во општина Ѓорче Петров.

Koга сме кај историјата, на Рилскиот конгрес, Серчани и Јане Сандански отворено го нападнале Борис Сарафов барајќи одговорнност за кревање на Илинденското востание, негов единствен бранител бил Ѓорче Петров, а на крај обвинението било отфрлено затоа што за изненадување на многумина Сандански рекол дека треба да има помирување и опростување со што ги пресекол сите понатамошни обвиненија, а во тој дух настапил и Ѓорче Петров по што Конгресот изгласал општа амнестија за сите.