дома Македонија (Видео) Костовски: Создаваме нова иднина – Општина Бутел ќе добие два нови...

(Видео) Костовски: Создаваме нова иднина – Општина Бутел ќе добие два нови паркови и модерен плоштад

Наспроти јасната визија на Велимир Смилевски од општина Бутел да направи бетонизирана општина, ние нудиме зелена општина – Бутел.

Токму заради тоа во наредните четири години ќе бидат изградени два големи паркови, едниот на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош” од левата страна гледа према населба Радишани. Овој парк ќе биде втор по големина во градот Скопје. Вториот во населбата Радишани на третиот влез спрема Коњичкиот клуб.

Ова е јасна порака до сите бутелчани дека ние се грижиме за зеленилото во општината.

Исто така во наредните четири години општина Бутел ќе добие нов голем и модерен плоштад од потегот на полициската станица која ќе се дислоцира се до црквата Свети Јован. На оваа површина ќе изградиме и културен центар каков што му недостига на Бутел. И ќе изградиме еден мини трговски центар за потребите на граѓаните од општина Бутел.

Почитувани граѓани на општина Бутел,

Изборот е јасен, со заокружувањето на бројот 7 си ја заокружуваме нашата иднина за безбедна општина Бутел и за модерна општина Бутел.