дома Македонија (Видео) Котлар од Водно: Се градат објекти надвор од одобреното кои се...

(Видео) Котлар од Водно: Се градат објекти надвор од одобреното кои се потенцијално клизиште

Се наоѓаме на Водно, на местото познато како „Цвеќара“, овдека сме да кажеме како не треба да се работи или пак да укажеме како е неодговорното однесување и работење на Општината и на надлежните институции, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Наташа Котлар, кандидат за градоначалник на општина Центар.

-Жителите на неколку пати во изминативе месеци, луѓето бараа одговори и од Општината, и од инспекциските служби, зошто на овој простор е дадена дозвола за градба на објект кој што во моментов дури и оди по својот габарит повеќе од дозволеното. Притоа јамата во темелот не е обезбедена и во моментов претставува клизиште бидејќи земјиштето кое што е порозно тоа почнува да станува кал и еве веќе во моментов имаме ситуација на клизење на земјиштето, вели Котлар.

Таа додава дека да не зборуваме дека при една можна сеизмичка активност може да биде и многу поопасно. Притоа луѓето од околината се прилично загрижени не само за своите домови туку и за својата безбедност.

-Затоа сакаме да упатиме сериозни прашања зошто луѓето од овој дел немаат во тек на шест месеци соодветен одговор околу сечата на дрвата од овој дел, околу обезбедувањето односно необезбедувањето на јамата. На дозволеното односно не смее да се гради таква висина на објект и притоа бараме одговори и од Општината и од надлежните инспекциски институции. Затоа ние се определуваме дека никако нема да дозволиме градење на просторот на Водно, ни во неговото подножје, ни во неговата средина, ни во неговиот врвен дел, истакна Котлар.