дома КОВИД-19 (Коронавирус) (Видео) Кoj ќe имa пpиopитeт пpи вakцинaциjaтa пpoтив Koвид-19

(Видео) Кoj ќe имa пpиopитeт пpи вakцинaциjaтa пpoтив Koвид-19

Министерот Филипче најави дека се обезбедени над 800 000 дози на вакцини..

Првата пратка од 833.000 КОВИД вакцини во земјава најдоцна до март. Приоритет ќе им се даде на лекарите и сестрите кои работат со болни од корона, лицата над 65 години, хронично болните со белодробни и кардиоваскуларни заболувања, вработените од критичната инфраструктура и транспортот.

Вакцината ќе се прима во две дози во веќе постоечките вакцинални пунктови и ќе биде незадолжителна, кажа денеска министерот Филипче. Веќе се преговара и за дополнителни 800.000 дози преку Европската унија. Понуди за дистрибуција на нови дози стигнале и од компании од Полска и Грција.

Од кога ке почне вакцинацијата? Деталите од Сања Трајковска Ставров..