дома Европа (Видео) Лавров пристигна во Женева на самитот Путин-Бајден

(Видео) Лавров пристигна во Женева на самитот Путин-Бајден

Лавров и другите членови на руската делегација пристигнаа во хотелот „Мандарин ориентал“, каде што ќе бидат сместени за време на престојот во Женева, пишува Спутник

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека е во „одлично“ расположение пред претстојниот самит меѓу Русија и Соединетите држави.

Руската делегација пристигна попладнево со авион кој беше принуден да кружи околу Женевa околу еден час бидејќи не доби дозвола за слетување од контролата на летање. Одложување на дозволата за слетување, според информациите, било поради безбедносниот протокол на американскиот претседател кој кратко пред тоа слета на женевскиот аеродром.

Рукиот претседател Владимир Путин се очекува да пристигне во текон на утрешниот ден.

Почетокот на самитот е закажан за во 13ч.