дома Актуелно (Видео) Либан зaпaѓa во xaoc – пpoтecти, вojcka и kypшyми на улиците...

(Видео) Либан зaпaѓa во xaoc – пpoтecти, вojcka и kypшyми на улиците на Бејрут

Либанската армија излезе на улиците на Бејрут во обид да ги смири протестите кои се разгореа по апокалиптичната експлозија која се случи претходно неделава. Најмалку 238 лица се повредени, а 63 се хоспитализирани во судирите со полицијата. Според локалните полициски власти најмалку еден полицаец е убиен во протестите.

Илјадници демонстранти се собрани на „Плоштадот на мачениците“ во центрот на Бејрут, обидувајќи се да влезат во либанскиот Парламент.

Демонстрантите фрлаат камења и различни проектили кон полицајците, кои одговорија со солзавец и гумени куршуми.

Локалните медиуми известуваат дека безбедносните сили користеле гумени куршуми но и боева муниција за справување со толпата. Фотографии од настанот се споделуваат на социјалните мрежи, а може да се видат раскрвавени демонстранти со сериозни повреди.

Еден полицаец го загуби животот откако паднал во окно за лифт бегајќи од демонстранти.

Демонстрантите влетаа во неколку владини згради во градот меѓу кои и Министерството за надворешни работи на Либан, министерството за економија, како и Министерството за вода и енергија. Седиштето на Асоцијацијата на Банки исто така е нападнато.

Либанската армија беше распоредена во доцните часови во Бејрут за да асистира на полицијата во враќањето на редот и мирот во градот. Колона „Хамери“ опремени со пушко-митралези и различни џипови беа снимени како се движат низ градот.

Додека трае насилството на улиците, Либанскиот премиер Хасан Дијаб се обрати на нацијата на која и вети дека ќе побара од парламентот распишување на вонредни парламентарни избори како единствен начин за решавање на кризата.