(Видео) Луѓето пaнично бегаат од своите домови: Огромен пожap ги зафати предградијата на Атина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пожарникарите во Грција не успеаја да го стават под контрола големиот пожар кој денес се приближи до северното предградие на Атина. Огнената стихија ги зафати населбите Варибоби и Ахарнес, а илјадници луѓе се евакуираат.
Густи облаци час се надвиваат над грчката престолнина. Жителите на погодените квартови во паника ги напуштаат своите домови. Градоначалникот на Ахарнес Списор Врето ги повика граѓаните веднаш да ги напуштат своите домови“.

„Бегаме од пеколот“, му кажа еден жител на телевизискиот репортер.

Пожарот брзо се проширил од блиските шуми во населените области, кажа гувернерот на регионот Јоргос Патулис и ги повика жителите да ја напуштат областа.

Пожарникарите истовремено се борат со пожари и во други делови од земјата.

Метеоролозите со денови предупредуваат на можноста од големи пожари откако топлотниот бран ја погоди Грцијаа денес беа измерени рекордни 46,3 степени Целзиусови

Во другите делови од Грција пожарникарите се борат со голем пожар на островот Родос, од каде исто така се евакуираа жителите на повеќе општини.

Властите ја предупредија јавноста дека опасноста од избивање на пожари ќе биде многу голема и кога ќе помине топлотниот бран поради големата суша, а метеоролозите најавија силен ветер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This