(Видео) Лyдилo во Скадар: 3aпaлeнo ceдиштeтo нa влaдejaчкaтa пapтиja, вaндaлизaм пo yлицитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По денешниот насилен протест во северниот град Скадар, албанскиот премиер и лидер на Социјалстичката партија Еди Рама, ги обвини претседателот Илир Мета и поранешноот претседател Сали Бериши дека ги злоупотребуваат децата.

-Терористите на Боко Харам ги користат децата како бомбаши самоубијци. Историјата познава криминални случаи со деца, но да се појави во Албанија како последно прибежиште на маскенбалот на опозициската политика, ова е крајно болно! Многу посакувам и силно верувам дека нема демократски и опозициски родител кој ја прифаќа оваа крајна злоупотреба на малолетници на водачите без татковина, без знаење и вера, без душа и мозок, на ова мизерна опозиција, со нејзината морална празнина и нејзиниот криминален карактер. Никогаш не заборавјте го ова, стои во реакцјата на Рама.

Во денешниот протест во Скадар, во кој главно учествуваа млади, целосно се уништени просториите на Социјалистичката партија. Од просториите беше извадено се што се наоѓаше во нив и потоа запалено. Учесниците во протестот оштетија и други објекти.

За смирување на состојбата интеревенираа припадниците на специјалната полициска единца за итни интервенции.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This