дома Балкан (Видео) Лyдилo вo Црна Гора – cитyaциjaтa излeгyвa oд кoнтpoлa

(Видео) Лyдилo вo Црна Гора – cитyaциjaтa излeгyвa oд кoнтpoлa

Црногорскиот министер за внатрешни работи Сергеј Секуловиќ повика на смирување на тензиите пред утрешното устоличување на митрополитот на Српската православна црква на Цетиње и протестот на црногорските националисти, кои бараат обредот да се премести на некое друго место.

СПЦ најави дека верскиот чин на устоличување на митрополитот Јоаникие ќе се одржи во Цетињскиот манастир во недела. За смирување на тензиите и избегнување на судир на верниците им порачаа да не доаѓаат на Цетиње, а верскиот обред ќе се одржи исклучиво во присуство на свештениците и патријархот на СПЦ Порфирие, кој денес свечено ќе биде пречекан во Подгорица.

Црногорските националисти намерата на СПЦ да го одржи верскиот обред на устоличување токму во црногорската историска и верска престолнина Цетиње ја гледаат како провокација и омаловажување на Црногорците.

Со видео-порака се обрати и црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ, кој ги повика сите црногорски граѓани да не наседнуваат на провокациите, истакнувајќи дека државата на сите ќе им ја гарантира безбедноста. Кривокапиќ за предизвикување на тензиите обвини одделни, како што кажа, политичко-криминални структури.

„Како премиер на Црна Гора должен сум да ги предупредам сите чесни црногорски граѓани да не наседнуваат на манипулациите на оние кои за личен ќар и привилегии се спремни и родените браќа да ги турнат во конфликт“, кажа Кривокапиќ.