(Видео) Македонија на нозе: Граѓаните уште еднаш кажаа НЕ на мерките за пpинyдна вaкцинациjа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва се одржа уште еден масовен протест на граѓаните на Република Македонија против мерките на власта со кои им се ограничуваат правата на граѓаните и преку кои им се наметнува принудна имунизација. Со новите мерки на граѓаните им се ускратува слободата, се кршат човековите права и се дискриминираат оние граѓани кои не сакаат да се вакцинираат.

„Стоп за теророт врз народот“, „Мое тело мој избор“, „Врати ми ја слободата или ќе ти го срушам режимот“ беа само дел од транспарентите со кои граѓаните, кажаа НЕ на фашистичките мерки и апелираа власта да постапи правилно и истите да ги укине.

Рестриктивни мерки стапија на сила вчера, а предвидуваат во угостителските објекти ќе можат да влезат само вакцинираните и оние кои прележале Ковид-19 изминатиот месец ипол. За спроведување на овие мерки власта воведува и контрола при влезот на објектите, т.е. редарска служба која ќе проверува дали граѓаните кои сакаат да влезат се уредно имунизирани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This