дома Македонија (Видео) Македонски уметник направи огромен портрет на Новак Ѓоковиќ на земјен терен

(Видео) Македонски уметник направи огромен портрет на Новак Ѓоковиќ на земјен терен

На земјениот терен на клубот Џукиќ во Белград, македонскиот уметник Андреј Јосифовски направи најголем портрет на светот на Новак Ѓоковиќ.

Цртежот е долг 24 метри, широк 11 метри, а се наоѓа на точно 264 квадратни метри.

-Ноле е човек кој има исклучителен сјај. Тој е мотивација за многу генерации. Тешко е да се најдат зборови кои може да го опишат, кажа Јосифовски.