дома Македонија (Видео) Македонците прославија Водици како што треба само во Австралија

(Видео) Македонците прославија Водици како што треба само во Австралија

Православните Христијани денес го прославуваат Богојавление – Водици.

Празникот Водици (Богојавление) народот го празнува како еден од најголе­ми­те христијански празници, зашто на тој ден според верувањето Исус Христос е крс­тен од Свети Јован Крстител во реката Јордан.

Co тоа на овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството.

Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата.

Co овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бад­ник, Божик, Нова Година (Василица) и сл.

Во Македонскиот Православен Храм „Св. Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг Мелбурн, се одржа утринска богослужба на чело со Отец Климент Станковски, проследена со аукција на Православни икони, и на крај следеше фрлањето на Крстот.

Крстот во Мелбурн оваа година го фати Стефан Атанасоски.

Погледнете го видеото од настанот: