дома Автомобилизам (Видео) Маск пpими нaгpaдa вo Берлин: Bели дeкa нacкopo пoвeќeтo aвтoмoбили ќe...

(Видео) Маск пpими нaгpaдa вo Берлин: Bели дeкa нacкopo пoвeќeтo aвтoмoбили ќe вoзaт aвтoнoмнo

Elon Musk interviewed by Chris Anderson at TED2017 - The Future You, April 24-28, 2017, Vancouver, BC, Canada. Photo: Marla Aufmuth / TED

Американскиот претприемач Илон Маск во Берлин изјави дека верува дека за десет години повеќето автомобили ќе возат независно.

„Ќе станува сè поретко некој да го вози сопствениот автомобил“, рече основачот на производителот на автомобили „Тесла“, Илон Маск, кој денеска беше награден со наградата „Аксел Спрингер“ во Берлин.

Наградата, именувана по основачот на најголемиот германски медиумски концерн, кој објавува весници како „Билд“ или „Велт“, се доделува по петти пат на луѓе кои покажуваат посебно чувство на инвентивност.

Меѓу минатите добитници се основачот на Фејсбук Марк Закерберг, како и сопственикот на платформата Амазон и нејзин основач, Џеф Безос.

Маск во Берлин рече дека не е против соработка со етаблираните производители на автомобили како БМВ или Мерцедес.

„Ако конкурент дојде во Тесла со предлог за соработка, нема да се спротивставиме“, рече Маск.

Тесла моментално ја гради најголемата фабрика во Европа покрај Берлин, која од следната година треба да произведе до половина милион електрични автомобили.

Маск неодамна објави дека треба да се направи и фабрика за батерии за електрични автомобили на истото место.

Тој исто така најави дека кога фабриката ќе започне со производство, ќе поминува повеќе време во Германија.