дома Балкан (Видео) Масовен пpoтecт во Тиpaнa поради групно cилyвaњe на 15 годишно девојче

(Видео) Масовен пpoтecт во Тиpaнa поради групно cилyвaњe на 15 годишно девојче

Стотици луѓе протестираа денеска во центарот на Тирана против сексуалното насилство неколку дена откако земјата ја потресе веста за групно силување на 15-годишно девојче во областа Мирдита, на северот од Албанија.

„Не убивај ми го детството“ беше мотото на маршот што започна на плоштадот Скендербег, јавуваат албанските медиуми. Демонстрантите бараа правда за жртвите на сексуално насилство, а меѓу паролите на транспарентите беа „Воспитувај ги момчињата“, „Не молчи, пријавувај“ и „Не си сам“.

Сторителите, петмина мажи на возраст од 17 до 44 години, беа уапсени под обвинение за кривично дело.