дома Свет (Видео) МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ВО БАГДАД: Стотици илјади демонстранти бараат Американците да го...

(Видео) МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ВО БАГДАД: Стотици илјади демонстранти бараат Американците да го напуштат Ирак

Антиамериканските демонстрации се одржуваат во Багдад, јавува телевизијата Сумарија.Како што јавуваат телевизиите, големите демонстрации започнаа утрово во центарот на Багдад.

Демонстрантите кои протестираат против присуството на САД во Ирак, наводно, носат ирачки знамиња и извикуваат патриотски слогани.

Телевизијата потенцираше дека поранешниот влијателен шиитски политичар и верски водач Муктад е-Садр, еден од лидерите на блокот Саирун, го повикал ирачкиот парламент да организира мирни демонстрации, барајќи да се прекине неговото воено присуство на САД.