(Видео) Масовни пpoтести во Брисел, полицијата употреби coлзавец и водени тoпови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стотици луѓе денеска маршираа низ центарот на Брисел во знак на протест против построгите ограничувања против Ковид-19, кои ги воведе белгиската влада со цел да се справи со најновото нагло зголемување на бројот на заразени коронавирус.

Учесниците на маршот протестираа трета недела по ред против мерките објавени во петокот, кога владата ги заостри рестрикциите бидејќи последното зголемување на новозаразените со Ковид-19 гo ​​оптоварува здравствениoт систем, што го отежнува лекувањето од други болести опасни по живот, како што се рак, објави АП.

Извикувајќи „Слобода! Слобода!” и носејќи транспаренти на кои пишуваше „Обединети за нашата слобода, права и нашите деца“, луѓето се упатија кон седиштето на Европската унија, пренесува Танјуг.

Некои носеа транспаренти со критики за вакцините и слогани против задолжителноста на вакцините.

Со оглед на најголемиот пораст на случаи кај децата, белгискиот премиер Александар Де Кро во петокот рече дека носењето маска ќе биде задолжително за сите деца на возраст над шест години.

Децата постари од 10 години досега беа обврзани да носат маска.

Основните училишта ќе бидат затворени за божиќните и новогодишните празници една недела порано, а средните училишта ќе преминат на хибриден систем, па половина од наставата ќе ја следат од дома.

Собирите во затворени простории се ограничени на 200. Владата претходно ги затвори ноќните клубови и нареди баровите и рестораните да бидат затворени во 23 часот на три недели.

Се шпекулираше дека времето на нивното затворање ќе биде поместено за 20 часот, но Владата засега се одлучи против тоа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This